Мајка монструм си го убила бебето со преголема доза сол - умирало со денови

Дваесет и петгодишната Кимберли Мартинез од Јужна Каролина е осудена на 30 години затвор, бидејќи на монструозен начин го убила своето бебе.

Нејзината седумсечена ќерка Пејтон умрела во јули 2016 година бидејќи Кимберли ѝ давала смртоносна количина сол. На бебето поради труење му откажало мозокот, а докторите 5 дена се бореле за неговиот живот.

Кимберли на полицијата ѝ рекла дека малата Пејтон и нејзината сестра близначка паднале во вреќа сол која била отворена. Меѓутоа, нејзиниот 4-годишен син подоцна на детективите им рекол дека гледал како мајка му ја храни Пејтон со сол и до детаљ опишал како изгледала вреќата од која Мартинез со лажица вадела сол.

Мајката монструм го признала злосторството и рекла дека го правела тоа за да го примори нејзиниот сопруг да ѝ се врати после разводот.

Малата Пејтон починала од хипернатремија која настанала кога премногу сол е присутна во крвотокот. Тоа доведува до намалување на келиите, бидејќи вода излегува од нив, а потоа и тоа кинење на крвните садови, бидејќи келиите се поместени од својата нормална локација.

Хиператремија најчесто се јавува кај луѓето кои не пијат оволно вода. Децата се особено чуствителни бидејќи бубрезите уште не им се развиена да обработат додатна сол во својата храна, така што родителите се советуваат никогаш да не додаваат сол во било која храна готвена за бебе.

Грижа за постариот брат на Пејтон и нејзината сестра преземал надлежниот центар за социјална работа. Мартинез во средата е осудена на 30 години затвор и ќе мора да отслужи 30 отсто од својата казна пред да стекне право на условно ослободување.

 

 

 

31.07.2018 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега