Отишла на летување во Грција и ја пробала најголемата атркација - сега цел свет ја мрази

Ако нкогаш сте го посетиле ова популарно летувалиште во Грција, една работа сигурно сте ја направиле.

Глетката од магариња кои се натоварени со луѓе и кои со сета мака се спуштаат низ тесните улички на Санторини станаа хит на друштвените мрежи.

Веќе со години Грците се бунат поради нехуманото постапување кон магарињата.

Во периодото од мај до октомври и до 5 огромни бродови на дневно ниво пристигнуваат на Санторини, а од секој од нив излегуваат околу 1.200 туристи.

Една од атракциите на Санторини се и магарињата кои таму традиционално се користат за превоз на луѓето преку непристапните предели.

Меѓутоа, со оглед дека алармантно голем број на гојазни туристи исто така се „возат“ на магаре, активистите за права на животни кренаа глас. На сето тоа треба да се има на ум дека Санторини е опремен со  жичари, односно дека суштински нема потреба од јавање магаре.

- Мора да постават некои правила во врска со тежината на туристите. Магарињата секако не добиваат добар третман, стојат на улица по цел ден на сонце, без вода и сега треба да влечат и гојазни луѓе? - порачуват активистите со фотографија од туристката која стана вирална. Исто така додаваат дека со години омашните магариња се спаруваат со мулиња за да добијат на сила, но и оваа генетска мешавина не е доволно силна за најдебелите туристи.

 

 

 

31.07.2018 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега