ВИДЕО: Трет пат неделава поплавена цела населба - невремето остава неред зад себе

Силно невреме проследено со врнежи и грмежи во Краљево поплави неколку семејни куќи.

- Штом малку ќе се исуши, дворот пак ни е полн со вода. Трет пат за десет дена. Од дома мое да излеземе само во гумени чизми или боси. Одводните канали се запушени, не можат да примат волкава количина на вода, но никој не реагира. - вели Кристина Цветиќ од населбата Јовац.

Истото го кажуваат и нејзините соседи, нагласувајќи дека дворовите им се целосно уништени, дека низ населбата се шири миризба на канализација, како и дека поедини соседи неодгворно фрлаат отпад во одводните канали.

- Овде е виновен и природниот и човечкиот фактор. Водата мора некаде да истече, но низ тесните и запушени канали тоа е невозможно. Затоа се слева во дворовите - додаваат мештаните.

 

 

 

31.07.2018 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега