Хан ја поздрави одлуката на Собранието: Гласајте на референдумот за вашата иднина

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на својот профил на Твитер синоќа ја поздрави одлуката на Собранието да го одржи референдумот за Договорот со Грција на 30 септември.

- ЕУ го поддржува овој договор и неговата имплементација како симбол на помирување и добрососедски односи во регионот. Ги повикувам сите граѓани на Македонија да го искористат своето демократско право на глас. Се работи за нивната земја и нивната иднина, напиша Хан.

 

 

 

31.07.2018 - 08:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега