Најголемо откритие на научниците досега: На Марс пронајдено езеро

Научници отлкриле течна вода на Марс, наводно пронајдено е езеро.

Американското списание за наука денеска објави дека езерото е покриено со слој од мраз и оти веројатно е широко околу 20 километри. Езерото било откриено со помош на радарски инструмент на Марс експрес на Европската вселенска агенција, кој орбитира околу планетата.

Езеро со солена вода наводно е откриено под површината на Марс, што пак ја зголемува можноста за пронаоѓање на живот на оваа планета.

Откриеното езеро се наоѓа на длабочина од 1,5 километри под јужната поларна карпа на Марс, а е широко околу 20 километри.

Со радарските инструменти било невозможмо да се утврди неговата длабочина, а истражувачкиот тим претпоставува дека е длабоко најмалку еден метар.

 

 

 

25.07.2018 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега