Пристигна првиот тим на НАТО во Македонија

НАТО го испрати првиот тим во Македонија, со што и официјално започна скрининг процесот што е дел од процесот за претпристапните преговори на Македонија за членство во Алијансата.

Директорот на тимот, ејмс МекКи кажа дека на Македонија ќе и требаат најмалку 18 месеци за да стане членка на НАТО, а ова е период кога треба да се завршат внатрешните процедури и  одлуката да биде одобрена во парламентите на 29-те земји членки и покрај тоа што,  Македонија, која веќе долг период е дел од акцискиот план на Алијансата за проширување, е подготвена.

Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски изјави дека е задоволен од тоа што Алијансата на време испрати тим за започнување на преговорите.

Делегацијата на НАТО оствари средба и со премиерот Заев со министрите, за внатрешни работи, за надворешни и за одбрана  и со нивните тимови. 

 

 

 

25.07.2018 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега