Две вооружени драми синоќа во Скопје

Во 21,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Лазар Трповски“ во аптека едно непознато лице со закана со пиштол од вработената одзел околу 25.000 денари, по што го напуштил местото на настанот. 

Во 03.05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Методија Андонов-Ченто“ во бензиска пумпа две непознати маскирани лица со закана со пиштол од вработените одзеле околу 15.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

25.07.2018 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега