Бегајќи од пожарот нуркале во морето: „Ние се спасивме, но видовме мајка и нејзиниот син како исчезнаа под водата“

Во пожарите кои го зафатија југот од Грција , според најновите информации животот го изгубија 80 лица.

Еден од спасените е Никос Ставрдис која раскажал како тој и неговата сопруга дошле до Рафина да одморат, но и да ја подготват куќата за својата ќерка, која требала да дојде овие денови на летување.

Ставринидис за „Вашингтон пост“ раскажа како тој и неговата сопруга дошле во Рафина за да се одморат, но и да ја подготват куќата за нивната ќерка, која деновиве требала да пристигне на летување.

„Сѐ се случуваше брзо. Огнот беше оддалечен од нас, но тогаш започнаа да летаат искри и за миг се најдовме во жариште. Ветрот дуваше, носеше сѐ пред себе. Беше неверојатно. Никогаш досега не сум видел такво нешто“, раскажува човекот.

Тој додаде дека заедно со пријателите се упатиле кон плажата, а кога виделе дека нема повеќе каде да бегаат, влегле во морето.

„Се гушевме од чадот, додека нѐ носеше силната струја. Истиот ветер што го ширеше огнот на копното, го разбрани морето. Речиси се изгубивме, бевме дезоријентирани. Нуркавме колку што можевме за да се оддалечиме од чадот. Навлеговме во морето, но струјата нѐ влечеше каде што сакаше. Не знаевме каде се наоѓаме“, раскажа Ставринидис за „Вашингтон пост“.

По два часа борба да се одржи во живот, здогледал спас. Мал рибарски брод со екипаж од Египет ги спасил Никос, неговата сопруга и пријателите.

„Скокнаа во морето за нас, ни дадоа облека, направија чај за да се стоплиме. Беа одлични. Им Благодарам“, раскажа тој.

Сепак со нив во водата биле жена и нејзиниот син кои не успеале да се спасат.

„Страшно е да видите човек покрај вас како се дави, а вие не можете да помогнете. Едноставно не можете“, додаде Никос и едвај изговори дека болката што ја чувствува за нивната загуба засекогаш ќе остане во него.

 

 

 

25.07.2018 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега