Убави вести за оние кои ќе патуваат на Халкидики

Поради големите пожари кои ја зафатија областа околу Атина и неодамнешните поплави на Халкидики, сите кои сакаат да летуваат во Грција, под будното око ги следат временските прогнози.

Когат станува збор за Халкидики, следува конечно убаво време. Времето ќе се стабилизира од недела 29. јули кога се очекува сончево и убаво време.

Максималните температури ќе се движат помеѓу 27 и 28 степени Целзиусови, во Пефкохори.

Според грчката Национална метеоролошка служба, на сила е секогаш портокалово предупредување за бура со грмежи, особено во четврток, за од недела и цела таа седмица времето да биде убаво.

Сите кои тогаш планираат да патуваат во Грција не мора да размислуваат за лошото време. Уште само во недела во вечерните часови е можна бура. Брзината на ветерот во недела на 29. јули ќе се движи од 6 до 20 метри на час.

 

 

 

25.07.2018 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега