Затвореник пронајден мртов во затворот Идризово

Во текот на вчерашниот ден во 15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека 34-годишниот осуденик М.Д. од Тетово во ќелија бил пронајден во безсознание.

М.Д. со возило на затворска служба бил однесен на Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Телото на починатиот било дадено во судска медицина за обдукција.

 

 

 

25.07.2018 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега