Џафери во сабота ќе ја закаже седницата за измените на законите договорени од лидерите

Собранискиот спикер Талат Џафери, за сабота ќе ја закаже пленарната седница на која ќе се гласа за нови членови на Државната изборна комисија, измените во Законот за финансирање на партии и Законот за Влада каде ќе се вметне делот за техничка влада по принципот на договорот од Пржино, пренесе Макфакс.

Седницата е одложена поради отсуство на Џафери.

Трите точки требаше експресно да бидат изгласани во понеделникот, кога на лидерската стредба биле усогласени двата закони и притоа лидерите се договориле членовите на ДИК да се бираат по старата законска регулатива со двотретинско мнозинство, а не со 61 глас како што предвидуваа измените на изборниот законик.

 

 

 

25.07.2018 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега