На градилиште нашле древна гробница: Откриен црн саркофаг кој не е отворен 2000 години (видео)

Еден антички саркофаг од црн гранит, бил пронајден во областа Сиди Габер во Александрија, Египет.

Бидејќи сè беило покриено со малтер, се смета дека саркофагот не бил отворен 2000 години, што е многу невообичаено, бидејќи крадците успеале да ја откопаат речиси секоја гробница низ вековите.И мерките на ковчегот се импресивни.Со димензии од 1,8 x 2,6 x 1,6 метри, ова е најголемиот ковчег досега пронајден во Александрија.

Гробницата, за која се верува дека датира од периодот Птоломеј, од 305 до 30 години, ПНЕ ,бил пронајден околу 5 метри под земја за време на ископувањето. На тоа место е предвидено да се изгради зграда.

Недалеку од гробницата бил пронајден оштетената биста од  алабастер. Се претпоставува дека се работи за човек кој е погребан таму.

Археолозите често ја игнорираа Александрија бидејќи луѓето се населиле низ древни ископувања, но во последно време постои желба да се зачуваат антиквитети.

 

 

 

17.07.2018 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега