Колку ќе чини паркингот за мотор во Скопје?

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, вчера изјави дека ќе воведе нова давачка, а таа е плаќање на паркинг за мотори.

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржаловски, го праша Шилегов дали е точно дека ќе се воведе нова давачка, односно дали граѓаните, а пред се младите, ќе мора да плаќаат за паркинг на мотори, давачка која до сега не постоеше.

На ова Шилегов одговори дека многу брзо ќе се воведе паркинг за мотори.

Висината на цената на паркингот не ја соопшти, но најави дека тоа ќе го направи многу брзо. Ако се имаат предвид цените за паркирање на автомобили, логиката вели дека онаа за моторите мора да биде барем двојно пониска.

Сепак зачудува фактот што во град со релативно слаба инфраструктура и јавен превоз кој е далеку од нивото на развиените европски градови се воведува наплата на паркинг за мотори со што оваа категорија возачи се дестимулира да го користи моторот како превозно средство.
Токму паркингот е главна причина за поголемиот дел од возачите да се решат да користат мотор, особено доколку треба да завршат одредени работи во центарот на градот каде што тешко се доаѓа до паркинг а и цените се прилично високи.

Доколку се намали бројот на возачи кои ги користат моторите како превозно средство тоа дефинитивно ќе го зголеми бројот на автомобили по скопските сообраќајници по кои веќе и онака сообраќајот се одвива тешко, особено во сообраќајниот шпиц кој пак во последно време почнува се порано и трае се подолго.

 

 

 

29.06.2018 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега