Шилегов им најави нова паркинг давачка на скопјани


Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов денес изјави дека ќе воведе нова давачка, а таа е плаќање на паркинг за мотори. Висината на цената на паркингот не ја соопшти, но најави дека тоа ќе биде многу брзо.

Советникот на ВМРО – ДПМНЕ, Лука Кржаловски го запраша дали е точно дека ќе се воведе нова давачка,  односно дали граѓаните, пред се младите, ќе мора да плаќаат за паркинг на мотори, што е давачка која до сега не постоеше. На ова Шилегов одговори дека вакво нешто многу брзо ќе биде воведено во главниот град.

Инаку ова не е единствената нова давачка, слично нешто се случи и со воведување на А1 зоната за паркирање, каде паркинг билетот е 100 денари од час.

 

 

 

 

28.06.2018 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега