Нов налет на циклонот Силвија - се ближи кон нас, не чека целосен пресврт со времето

Во овие попладневни часови во источните и североисточните предели на државава има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Оваа нестабилност понатаму ќе се движи кон западните предели што значи попладнево и навечер на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а локално ќе наврне и позначително количество на воден талог.

Локално процесите можно е да бидат застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Температурите ќе се движат во интервалот некаде од 22 до 29 степени што значи за разлика од изминатите денови ќе биде посвежо.

Услови за нестабилност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и ретка појава на град ќе има и во Скопскиот регион.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во зоната на големата нестабилност има услови за локални поројни поплави а додека трае засилениот ветер граѓаните да бидат крајно претпазливи каде се движат а возачите своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата.

Влијанието на СИЛВИЈА ќе продолжи и во текот на следните денови.

 

 

 

16.06.2018 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега