Откриено каде ќе се потпише договорот со Грција - се бојадисуваат ѕидови, се поставува бина

Во преспанското село Нивици или Псаридис,на грчки се на големо се подготвува за утрешното потпишување на договорот за името. Во селото со само 60-тина жители речиси сите зборуваат и разбираат и грчки и македонски јазик, јавува ТВ21.

Се бојадисуваат ѕидовите, се чисти канализацијата, се означуваат точките каде што ќе биде поставена бината за утрешниот настан во селото Нивици во грчкиот дел на Мала Преспа, а населението е со поделени мислења.

Еден од одговорите на прашањето зошто токму областа околу Преспанското езеро е одбрана за потпишување на билатералниот договор е дека ова место има историското значење за Македонија уште од времето на Народно-ослободителната борба и АСНОМ.

 

 

 

16.06.2018 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега