Анкета: Грците велат „НЕ" за договорот за името

„Не“ за договорот велат 68.3 отсто, а „не“ за името Македонија 73,2 отсто од испитаниците во новото истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата „Marc“ за весникот „Прото тема“.

Според резултатите, 49 отсто од гласачите на СИРИЗА се против договорот меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Во однос на распоредот на силите на грчката политичка сцена, се забележува голема разлика меѓу Нова демократија и СИРИЗА (14,4 отсто). Поконкретно: Нова демократија 30,6 отсто, СИРИЗА 16,2 отсто, Движење за промена 7, 5 отсто, Златна зора 7, 3 отсто и Комунистичка партија на Грција 6,3 отсто.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, целата анкета е објавена во утрешното издание на весникот, додека пак овие делови од резултатите на истражувањето се на насловната страница на „Прото тема“.

Весникот излегува секоја недела, втор е по тираж со над 50 илјади примероци и важи за опозициски ориентиран. 

 

 

 

16.06.2018 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега