Грците бесни, нови протести и покрај дождот - се брани „грчкиот карактер на Македонија"

Во 16 часот по локално време, ќе се одржи нов протест пред грчкиот парламент, под мотото „Состанок со историјата“, во организација на „Комитетот за одбрана на грчкиот карактер на Македонија“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, тие ја повикуваат „цела Грција на Синтагма“ и велат: Ако не сега, кога? Ако не ние, кои?

Останува енигма дали времето во Атина ќе биде на страна на демонстрантите, со оглед на тоа дека од утрово грчката престолнина е под врнежи од дожд.

Во текот на вчерашниот ден се одржаа протести пред грчкиот парламент, утринскиот беше нешто помасовен од вечерниот, но во никој случај собирите на кои немаше над 1000 луѓе, не наликуваа на масовните демонстрации што во јануари и во февруари се одржаа во Солун и Атина.

 

 

 

 

16.06.2018 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега