Тешка несреќа: Возило излета од патот кај Плетвар

Околу 14.40 часот на патот Прилеп-Градско, кај влезот за Плетвар, патничко возило „Рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот Н.Н. од Кавадарци, излетало од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., додека сопатничката, 56-годишната Р.Н. од Кавадарци се здобила со телесни повреди.

На двајцата им била укажана лекарска помош во Градската болница Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

 

16.06.2018 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега