Прегазено 10 годишно дете - итно пренесено на Ургентен во Скопје

Во  22.00 часот на регионалниот пат Тетово-село Јажинце, 40-годишниот С.А.  од Доброште, тетовско, управувајќи патничко возило „Опел Корса“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во 10-годишно девојче од селото Теарце.

Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клиничката болница Тетово каде му била укажана лекарска помош.

Поради сериозноста на повредите девојчето било префрлено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово.

 

 

 

16.06.2018 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега