Ќе си го упропастите одморот: Ако наскоро одите на одмор во Грција имаме лоши вести за вас

Според сајтот на грчката национална опсерваторија, во Атина и Солун е издадено предупредување за невреме и силни дождови.

Во Грција се очекува навреме во наредните три дена во западниот дел од крајбрежјето. Посебно внимание да обрнат туристите кои се на Крф, Лефкада, Кефалонија, Закинтос и Парга.

Временскиот циклон кој грчките метеоролози го нарекуваат Минос носи дожд, бура и град до многу делови од земјата овој викенд.

Невреме денеска го погодило и острови на Јонско море, носејќи дожд и пад на температурите, пред да се прошири на истокот од Грција. На Крф денеска се очекува дожд и пад на температурите, кои ќе бидат застапени и во текот на утрешниот ден, а во недела се очекува вистинска бура со грмежи.

Црни облаци надвиснале и над Кефалонија каде се очекува утре дожд да врне цел ден.

Лефкада според најавите вечерва ќе биде погодена од силен дожд, па наредните денови температурата нема да се искачи над 25 степени Целзиусови.

 

 

 

 

15.06.2018 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега