Стандард енд пурс: Договорот нема да предизцика негативни ефекти врз македонската економија

Меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Стандард енд пурс“ соопшти дека договорот меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името нема да предизвика негативни ефекти врз македонската екомонија.

Агенцијата оценува дека напредокот на земјава ќе биде постепен, а придобивките долгорочни.

- Оценката е отсликување на балансот помеѓу ризикот што го носи брзото зголемување на јавниот долг и внатрешната политичка несигурност што се предвидува во следните 12 месеци од една страна и поволните економски изгледи од друга страна, се вели во извештајот на Стандард енд пурс. 

Според Агенцијата сето ова ќе зависи од промената на амандманите во Уставот на Македонија, како и ратификацијата на договорот од страна на двата парламенти. 

„Стандард и Пурс“ пред два месеца го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на ББ – со стабилен изглед. 

 

 

 

15.06.2018 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега