TMРО: Македонскиот ќе биде единствениот народ во светот што се самопоништил

Јавното манипулирање со народот, пренесувањето на само дел од договорот со Грција преку медиуми е понижување со смислен чин на јавна манипулација, сметаат од ТМРО.

„Договореното име не е Северна Македонија, како што се сака да се прикаже,туку во буквален англиски превод Република Север од Македонија, што е небулозно. Откажувањето од античкото наследство е откажување од генетскиот код на Македонците,од нашето културно и историско наследство, прифаќањето на најопасниот историски фалсификат за Словени дојдени од Карпати е прифаќање дека Македонците не се домороден народ на овие простори, што всушност го признава правото на Грците но и Гегите за домородно население. Тоа е главната причина што и Албанските партии се едногласни во прифаќањето на овој договор со кој историски ќе добијат легитимитет на просторот, а Македонците ќе бидат единствениот народ во свет што се самопоништил и самиот си направил генетски масакр“, вели претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.

 

 

 

 

 

15.06.2018 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега