Царовска: Не се откажуваме од згрижување на децата со посебни потреби во Тимјаник

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, изјави дека нема да се откаже од згрижувањето на децата со посебни потреби во објект кој е во близина на селото Тимјаник, Неготино и покрај протестите на жителите денеска.

- Не е вистина дека не ги сакаме лицата со попреченост. Но, на ова место според нашите сознанија  требаше да има градинка. Во близина има откупен центар и училиште, нема двор, регионален пат е, не одговара за мал групен дом, реагираа жителите. 

Таа се обиде да им објасни дека на овие деца им е неопходно внимание и љубов и дека вакви групни домови ќе има низ целата држава. - Вашите деца имаат дом, семејство, љубов. За разлика од нив, децата како тие во Заводот живеат во големи институции и потребно им е поголемо внимание, им рече министерката.

Воедно  изрази жалење што намерата за мал групен дом не им била навреме пренесена, иако неколку субјекти од општината навреме биле информирани за тоа. 

- На оваа средба утврдивме дека ќе има и уште една, на која ќе биде присутен и градоначалникот. Жителите се вознемирени бидејќи немаат градинка и сметаат дека овој објект е соодветен за тоа, а не ги исполнува условите. Им понудивме дел од училиштето да биде рехабилитирано, доградено за градинка, или да се најде нов простор, бидејќи навистина руралните средини во минатото беа запоставени, а ние се грижиме и тие да добијат градинки. На следна средба ќе ги договориме натамошните чекори и заеднички ќе пристапиме кон решавање на овој проблем, рече Царовска. 

 

 

 

11.06.2018 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега