Фото: „Мамо, те сака Ада“ - Шекеринска објави фотографија од својата ќерка за роденденот

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вчера го прослави својот 46-ти роденден. По тој повод таа одлучи да објави фотографија од изненадувањето кое ѝ го приредила нејзината ќерка - мафини на кои пишува „Мамо, те сака Ада“.

Преку фотографијата таа им се заблгадора на сите оние кои ѝ го честитаа роденденот и ѝ упатија искрени желби.

„Ми го направивте убавиот ден поубав. Ми ги вративте сеќавањата за прекрасни минати времиња. Ме потсетивте уште еднаш дека луѓето со нас и околу нас се нашата среќа. Ме насмеавте, расположивте, охрабривте и израдувавте! Ви благодарам што се сетивте и што мислите на мене. Драги мои, да бидеме здрави и среќни заедно уште многу години“, рече Шекеринска.

 

 

 

11.06.2018 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега