Видео: Багерот ги срамни со земја - урнати живеалиштата на 30-сетина лица во „Урбан парк“ во Центар

Багерите на општина Центар го срамнија со земја дивоизградениот камп во центарот на Скопје. Нелегално поставените трошни бараки во кои живееја четири ромски фамилии беа изградени во Урбан паркот во централното градско подрачје, а со нивното рушење, околу 30 лица останаа без покрив над главата. Акцијата почна во осум часот изутрината со полициска асистенција, на која се спротиставија дивонаселените жители, објави Сител.

Луѓето кои живееја во кампот пред 10 дена биле предупредени да го напуштат, но обвинија дека акцијата дошла неколку дена порано.

Од општина Центар потврдија дека акцијата е во нивна надлежност и дека во текот на изминатиот месец разговарале со лицата сместени во паркот. Им било посочено дека ќе мора да го напуштат ова привремено незаконско живеалиште, а за возврат им било понудено сместување во едно од прифатилиштата на Министерството за труд и социјална политика.

По комплетното расчистување на просторот, од општина Центар велат дека ќе почнат со реконструкција, зазеленување и поставување на урбана опрема во овој парк во центарот на Скопје.

 

 

 

07.06.2018 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа