Видео: Кокошка на скопјанецот Јордан снесе јајце со сонцето од Кутлеш

Скопјанецот Јордан вчера пронашол снесено јајце од неговата кокшка на кое е отсликано сонцето од Кутлеш, објави Сител. Вакво нешто првпат гледа иако претходно неговата кокошка многу пати несела како што тој вели „чудни јајца“ со некако рејлеф на нив.

-Ова јајце го најдов вчера снесено во Скопје. На пријателите на кои им го покажав се чудат, велат „Како е можно вакво нешто“.

Јордан бил навистина изненаден откако го пронашол ова јајце и смета дека можеби станува збор за некаква порака во овие моменти кога државата се обидува да го реши проблемот со името.

 

 

 

07.06.2018 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега