Не чека пекол: На земјите од Западен Балкан им се заканува алармантен пораст на температурите

На целата територија на Западен Балкан во блиска иднина ќе дојде до пораст на температурите за 1,2 степени Целзиуосви, која неминовно ќе продолжи да расте за 1,7 до 4,0 степени, покажуваат резултатите од студиите направени за последиците од климатските промени на овој регион.

До крајот на векот порастот на температурите на подрачјето на Западен Балкан може да биде аларамантен, со оглед на тоа дека може да премина и над 5 степени, во зависност од резултатите на глобалните настојувања да се намали емисијата на гасови, се наведува во студијата за регионална соработка.

Анализите за климатските промени во регионот потврдуваат дека здравјето на луѓето, сигурноста и квалитетот на животот, во голема мери се чувствителни на природните непогоди.

Најтешки последици како што се наведува во студијата ќе се почувствува во земјоделството каде може да дојде до намалување на квалитетот на храната, потоа во шумарството каде постои ризик за пропаѓање на шумите, водните ресурси односно помалку вода за пиење, и здравјето на луѓето каде може да дојде до поголем број на топлотни удари и зголемување на заразните болести.

Дури 73 проценти од луѓето во регионот сметаат дека климатските промени се проблем, според истражувањето на јавното мислење на „Балкански барометар за 2017 година“, кое било спроведено од Советот за регионална соработка.

Во студијата се изнесени и низа препораки за намалување на товарот на поедини економии во Западен Блкан во поглед на решавање на прашања врзани за климатските промени, а посебно со оглед на недостатокот на човечки ресурси и други капацитети, низ унапредување на регионалната соработка.

Како кандидати и потенцијални кандидати за пристапување кон Европската Унија, сите економии на Западен Блакна се мотивирани да го почитуваат Парсикиот договор и да ги остварат целите за намалување на емитување стаклени гасови до 2020 година, односно 2030 година која ЕУ ја постави како граница, како и да ја зголемат енергетската ефикасност и производство на електрична енергија од обновливи извори.

 

 

 

 

07.06.2018 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега