Трамп ја приреди првата ифтарска вечер (видео)

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп оваа година во Белата куќа го приреди првиот ифтар, заедничка вечера за исламскиот свет месец Рамазан и на муслиманите ширум светот им посака среќен празник.

-Се собравме заедно оваа вечер, ја почитуваме светската традиција на една од најголемите светски религии – рече Трамп во своето обраќање.

Меѓу присутните беа и амбасадорите на Саудиска Арабија, Кувајт, Јордан и Обединети Арапски Емирати.

Со овој потег Трамп годинава ја изненади муслиманската заедница бидејќи минатата година не беше домаќин на оваа вечера. Тој лани ја прекрши традицијата воспоставена од администрацијата на Бил Клинтон, и по повод празникот испрати само соопштение до јавноста.

Во текот на вечерата неколку невладини муслимански организации организираа протести пред Белата куќа наведувајќи дека реториката на Трамп придонесе за зголемување на насилството и дискриминација на муслиманските Американци.

 

 

 

07.06.2018 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега