На полноќ погледнете во небо и замислете три желби - празникот носи среќа на девојките
Православната црква и верниците денеска одбележуваат голем празник.
Денот на свети Јован Крстител се прославува повеќе пати во текот на годината. Познат е како голем проповедник кој го најавил доаѓањето на Исус Христос и кој со маченичка смрт настрадал поради верата.
Третото наоѓање на главата на Свети Јован Крстител се одбележува на 25 мај според црковниот, а на 7. јуни по грегоријанскиот календар.
Меѓу народот е раширено верувањето дека овој ден “сонцето ќе се движи наназад од север кон југ, три пати застанува и заигрува“.
Се верува дека небото на полноќ три пати се отвара, па мртвите души лесно влегуваат во рајот, а оној кој буден ќе биде на полноќ, и замисли три желби, тие ќе му се исполнат.
Исто така се верува дека ако врз некоја девојка е фрлена клетва да не се мажи, таа треба овој ден да се помоли во црква или манастир Св. Јован , да запали свеќа и да остави скримен прилог во храмот. Клетвата ќе биде отстранета.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа