Убил звечарка па поминал страшни маки: Иако и ја откинал главата таа го каснала

Маж од Тексас морал да прими 26 дози противотров откако го каснала обезглавена звечарка.

Имено додека работел во бавчата налетал на звечарка долга метар ипол па ја убил.

Откако сакал да ги собере остатоците, отсечената глава на змијата го каснала. Рефлекс кој се јавува и после неколку часа откако ќе умре.

Неговата сопруга раскажала дека тој веднаш добил напади и со хеликоптер е пренесен во болница.

Сега состојбата му е стабилизирано, но бубрезите му се оштетени.

Неговата сопруга вели дека неговата постапка била непромислена и можело да го чини живот.

 

 

 

 

07.06.2018 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега