Фотографија од пожарникар и мало девојче после сообраќајка стана хит на интернет

Шеф на пожарникарите во Тенеси доби бројни пофалби откако на социјалните мрежи се појави фотографија како држи бебе во рацете, после сообраќајна несреќа.

Капетанот Крис Блезек рекол дека бил повикан на местото на несреќата во неделата. Три мали деца биле во автомобилот, а нивната бремена мајка била хистерична поради болки. Двете постари деца биле добри, но најмалото било вознемирено, рекол тој.

Блезек вели дека веднаш ја прегледал за да провери дали е во ред.

Мајката е префрлена во болница, а пожарникарите останале соо децата додека да стигне некој од семејството по нив.

„Моменти како овој ме потсеќаат зошто избрав да работам како пожарникар“ напишал Блезик кој стана херој на социјалните мрежи.

 

 

 

07.06.2018 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега