Соборен светски рекорд: Паркинг место продадено за 760.000 долари

Една двојка од Хонг Конг успеа да продаде паркинг место за 760.000 долари. Тие го купиле просторот во 2017 година, за исто така неверојатни 430.000 долари, пренесува „Бизнис Инсајдер“.

Паркинг местото од 12,5 метри квадратни се наоѓа во луксузниот хонгконшки комплекс Ултима, во квартот Коулун, во којшто цените за метар квадратен се скоро трипати повисоки од просечните во Хонг Конг.

Овој елитен дел од кинескиот мегалополис, е познат како едно од најскапите места за живеење во светот. 

 

 

 

07.06.2018 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега