Заштедила 11 илјади евра за една година - тврди дека и вие го можете тоа со овие трикови

Ако секој месец едвај сврзувате крај со крај, можеби ќе ви помогнат советите на финансискиот експерт Кен Кемпбел, која ја основаше страницата „Sugar Mamma“.

Отворете посебна сметка за штедење

Кен која за 13 месеци заштедила 11 илјади долари тврди дека е клучно да одвоите сметка од која ќе трошите и сметка на која ќе штедите.

„Не смеете да имате една сметка, бидејќи може случајно, или дури намерно, да ја потрошите заштедата. Без оглед дали заштедата ќе ја чувате под јастук или на посебна сметка, немојте да ја чувате на исто место со парите кои ви се за трошење“, советува таа.

На крајот од денот соберете што е можно повеќе парички - кованици

Таа секојдевно го завршува денот со претресување на својата торба и паричник односно со собирање на сите парички и кованици кои ги има.

Исчистете ја сметката ден пред плата

„Постои нешто навистина можно во тоа ден пред платата на сметката да имате 0 денари. Дури и ако на сметката имам само еден долар, јас тоа го префрлам во заштедата“, вели Кен.

Преплатете ја кредитната картичка

Ако користите кредитна картичка, Кен советува да согирате малку повеќе пари на неа.

„Токму пред да ја повлечам картичката и јас префрлам пари на неа за никогаш да немам долг“, тврди.

 

 

 

04.06.2018 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега