И ова лето до Грција нема да се патува по комплетно нов автопат

Автопатот до грчка граница најверојатно ќе биде завршен кон крај на август. Во моментов се работи на патот од Неготино кон Демир Капија. Проблематични се уште 2 км на кои се јавило свлечиште,објави Сител.

Не само нови патишта, туку и поголема безбедност е цел на државата. Сите автопати во наредниот период ќе бидат покриени со радари. Во моментов такви радари има само на автопат Демир Капија Смоквица и резултатите се поразителни. Во новите тунели се вози и по 180 на час. Ќе се подига и свеста кај возачите за да се поправи црната статистика.

На денешната конференција за безбедност на патиштата констатирано е дека освен што треба да се вложува во рехабилитација, треба да се подигне и нивото на прокетирање на патните правци, но и да има поголема контрола и казни за несовесните возачи.  

 

 

 

04.06.2018 - 19:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега