Мицкоски: Граѓаните на протестот кажаа громогласно НЕ за политиките на Зоран Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски гостуваше во Дневникот на Сител телевизија каде даде свој коментар по масовниот антивладин собир кој партијата го одржа во саботата.

Не очекувам дека СДСМ ќе излезе со комплименти и со некакви позитивни критики за тоа што се случуваше во саботата. Единствено мерило за нас како политичари е гласот на народот и оние десетици илјадни граѓани кои ширум Македонија се собраа тој ден пред Владата и громогласно кажувајќи му го своето мислење на Зоран Заев, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека само една година откако СДСМ ја преземале власта, а тој е само 5 ипол месеци избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ направиле еден собир.

-Направивме народен собир на кој граѓаните му кажаа едно огромно НЕ за политиките кои ги води Зоран Заев, не само на домашен план, туку и на меѓународен и економски. Мислам дека паметен политичар треба да извлече поука од тоа што се случуваше во саботата, нагласи Мицкоски.

 

 

 

04.06.2018 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега