АМСМ со информација за возачите: Утре овој патен правец ќе биде во прекин

Патиниот правец Р - 2245 од Крива Паланка до село Осиче утре меѓу 10:00 и 15:00 часот ќе биде во прекин поради асфалтирање, соопшти АМСМ.

Попладнево сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

 

 

 

04.06.2018 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега