Измамена битолчанка: И кажал дека ако му плати ќе и ја зголеми пензијата, ги зел парите па исчезнал

Вчера, 87- годишната Б.С од село Секирани, битолско, пријавила дека на 31.05.2018 година во нејзината куќа во село Секирани дошло непознато машко лице кое се претставило дека е од Пензинскиот Фонд.

-Тој и ветил дека може да и ја зголеми пензијата за што требала да му плати 2000 денари. Таа му ги дала парите, по што лицето заминало, но и ветило дека ќе се врати, се вели во полициското соопштение.

До моментот на пријавување лицето не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

04.06.2018 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега