Богоев се заколна на вечна љубов: Невестата наместо венчаница, избра шик креација (фото)

Стефан Богоев вчера се заколна на вечна љубов. Судбоносното „ДА“ со неговата избраничка Ивана Анѓеловска го кажаа пред најблиските роднини во црквата Св. Пантелејмон. Избраничката на градоначаникот на општина Карпош се одлучи за сребрена шик креација, објави „Женски магазин“

 „Женски Магазин“ стапи во контакт со Богоев. Ни откри дека голема прослава допрва ќе има.

- Денеска се венчавме во црквата Св. Пантелејмон во Карпош и  се регистриравме. Потоа со семејството прославивме во „Ден и ноќ“, исто така во Карпош. Свадбата е закажана во септември - изјавил Богоев.  

Богоев ја побара Ивана во февруари годинава, инаку Богоев е најмладиот градоначалник од СДСМ.

 

 

 

04.06.2018 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега