БМВ се заби во столб и ограда на патот Скопје-Куманово

Во 15.00 часот вчера на регионалниот пат Скопје-Куманово, патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот Ф.М. од Арачиново-скопско, удрило во бетонски столб и ограда.

Притоа, со повреди се здобиле возачот и сопатникот, 26-годишниот Ф.Б. од селото Мојанци-скопско.

Тие со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде им била укажана лекарска помош. Кај Ф.М. биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, додека кај Ф.Б. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

31.05.2018 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега