Алијанса за Албанците удри по Заев: Оваа Влада ќе треба да се собори

Флакрон Беџети, портпаролот на Алијансата за Албанците на конференција за медиумите во Тетово изјави дека оваа Влада ќе треба да се собори, зошто не обезбедува иднина, јавува МКД.Мк.

- „Владата на СДСМ – ДУИ, која го почна својот пат како реформска влада, беше примена од граѓаните како влада за спас, која ќе обезбеди нормални услови за достоинствен живот. Дури имаше успешен почеток и ветуваше подобра иднина. Добриот почеток беше кога во Владата учествуваше и Алијансата за Албанците, тоа даваше надеж и за Албанците. Но, сега по заокружувањето на првата година од оваа Влада, по сѐ изгледа изгаснува надежта за успеси, како резултат на дадените ветувања во разни области од општеството", порачува Алијансата за Албанците додавајќи дек апотфрлила во многу полиња.

Тој го изнесе ставот на неговата партија дека „Републичкиот судски совет во ниту еден случај не ја гарантира независноста на судството, туку ја попречува уште повеќе автономијата. Јавно ги праша премиерот Заев и Владата: „Како мислите да ги спроведете најавените реформи со коалициски партнер, кој е одговорен за неуспесите на претходната Влада? Каде остана мотото 'Еднаков живот за сите'.

 

 

 

31.05.2018 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега