ЈСП воведува нови бесплатни линии за викенд и за празници

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје од претстојниот викенд воведува бесплатен превоз на патници и на автобуската линија број 28 од Транспортен центар до Македонско село. 

Истовремено, донесена е одлука автобуските линии со број 25А Автомакедонија – Средно Водно и број 25Б Дом на печат – Средно Водно да станат дел од редовниот линиски превоз, покрај линијата 25 чија почетна станица е Транспортен центар, а оди до Средно Водно, која е веќе редовна автобуска линија.

Возниот ред на линиите е објавен на веб-страницата на претпријатието www.jsp.com.mk.

 

 

 

31.05.2018 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега