„Изгорете“ ги маснотиите и подгответе се за летото - потребна ви е само столица и 10 минути дневно

Пролетта е  на заминување и полека настапува летото, а со тоа и размислувањата за годишните одмори, каде сакале или не, на плажа ќе морате да го разголите телото, да го покажете задникот, стомакот, екстремитетите…

Ако сакате линијата и задникот да си ги доведете до перфекција, потребни ви се само 3 минути дневно и овие три вежби.

1 вежба – 1 минута

Застанете до задниот дел од столицата, а рацете ставете ги на потпирачот. Тежината на телото пренесете ја на левото стапало, вдишете, издишете, па испружете ја десната нога зад себе колку повеќе можете. Важно е грбот да не го свиткате. Останете во таа положба 2 секунди, па спуштете ја ногата. Правете ја вежбата 30 секунди со едната нога, па потоа преминете на другата.

2 вежба – 1 минута

Ставете ја левата рака на столицата, а стапалата нека ви бидат рамни со колковите. Тежината пренесете ја на левата нога. Со издишување подигнете ја десната нога во страна колку повисоко можете. Повторно држете 2 секунди, па вратете се во првобитната положба. Повторувајте ја вежбата по 30 секунди со двете нозе.

3 вежба – 1 минута

Најобичните чучнувања ви се од голема помош. Само е важно да ги изведувате правилно. Стапалата треба да се во ширина на рамениците, па тогаш полека да го спуштате задникот како да сакате да седнете. Исто така, колената не смее да ја преминат линијата после стапалата. Грбот мора да биде исправен и да гледате пред себе.

 

 

 

31.05.2018 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега