Цветен хороскоп - откријте кој цвет му одговара на вашиот Зодијак

Веројатно го знаете својот хороскопски знак и неговото значење во вашиот живот. Но дали го знаете цветот под кој сте родени и неговата уникатност? Цветниот хороскот ви овозможува да откриете повеќе за себе и другите околу вас. Со идентификација на цветот кој одговара на Вашиот роденденски датум или на Вашите сакани, ќе си овозможите подобро да се разберете себеси и луѓето кои ви значат.

Каранфил – јануари

Каранфилот традиционално симболизира восхитеност, вовед во новата година и свежина. Диантус е неговото ботаничко име, кој значи “Божествен Цвет”. Во цветниот хороскоп, розевиот каранфил означува женствена љубов, додека жолтиот означува презир.

Ирис – февруари

Нарцисот како цвет на пролетта симболизира преродба. Ако се подари нарцис, тој пренесува топлина и висока почит кон личноста.

Нарцис – март

Нарцисот како цвет на пролетта симболизира преродба. Ако се подари нарцис, тој пренесува топлина и висока почит кон личноста.

Маргарита – април

Тие се популарни поради нивната порака за пријателство и вообичаено асоцираат едноставност и невиност

Крин – мај

Кринот претставува чистота и се прекрасни и ароматични.

Роза – јуни

Како најпознато цвеќе, има вариетет од симболи но најчесто означува љубов.

Ралица – јули

Ралицата ги буди спомените за безгрижните летни денови од деството. Асоцира задоволство и лекомисленост

Гладиола – август

Именувана по мечот на гладијаторот, овие цвеќиња се претставници на сила, чест и искреност. Додека некои се истенчени и мали, другите се остри и високи, како меч. Гладиолата е атрактивна и изгледа како да е обвиена во слоевита туника.

Астер – септември

Со астерот се искажува љубов. За оние кои сакаат да ја изразат својата љубов на невообичаен начин, одбираат ваков цвет.

Невен – октомври

Овие цвеќиња се популарни по нивната златна боја, која симболизира есен. Тие искажуваат наклонетост, љубезност и може да биде подарено на пријатели и членови на фамилијата.

Хризантема – ноември

Живи бои, тие рефлектираат позитивност. Овие цветови се портрет на веселост поради нивната боја што значи искреност и радост.

Божиќно дрво – декември

Овие цветови се неизоставен дел од божиќната декорација. Симболизираат успешност и добри денови. Доколку планирате да подарите цвеќе за време на божиќните денови, никогаш нема да погрешите ако го подарите.

 

 

 

31.05.2018 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега