Драма за малолетничка во Шутка: Ја нашле избезумена на улица

 

Во 03,30 часот утрово во Полициската станица Чаир, 53 годишен маж од  од Скопје пријавил дека претходниот ден, околу 23 часот и 50 минути добил телефонски повик од пријател дека истиот ја забележал неговата 16-годишна ќерка како видно вознемирена се движи по улица во населбата Шуто Оризари.

Џ.Р. се упатил на наведената локација и ја пронашол неговата ќерка, која му кажала дека присилно била држена од страна на 26 годишен маж во неговиот дом.

Тој од 18.05.2018 година не и дозволувал да го напушти неговиот дом при што физички ја малтретирал.

Се работи на целосно расчистување на случајот.     

 

 

 

30.05.2018 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега