Македонија исчезнува: Намален бројот на родени деца и бракови

 

Бројот на живородените деца во првото тримесечје од годинава споредено со истиот период лани е намален за 1.6 отсто и изнесува 5.255 живородени деца, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2018 година бележи намалување од 11.4 отсто во споредба со истото тримесечје од 2017 година и изнесува 5.432 лицa, а од нив 22 се умрени доенчиња.

Податоците на ДСЗ покажуваат дека природниот прираст изнесува -177, што значи за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучени бракови во ова тримесечје од годината е намален за 1.3 отсто во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 2.532 бракови. Во ова тримесечје се добиени 520 извештаи за разведени бракови

 

 

 

30.05.2018 - 06:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега