Мицкоски од Битола: Заев ја фрла на колена сопствената држава, го одзема напредокот и иднината на генерации Македонци

 

Штотуку бев во гордата и достоинствена Битола. Одржав состанок и средби со граѓани и можам да кажам со сигурност дека загриженоста за тоа каде се движиме како држава никогаш не била поголема, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

-Економски пустош, неработа и неспособност, атакување врз достоинството и честа е сликата за Македонија денес. Порачав дела мора да се знае дека сето ова што денес ни се случува, сето ова што некој ни го приредува, што се пазари, што уценува и договара, распарчува и уништува има име и презиме и се вика Зоран Заев. Тој е човекот кој ја фрла на колена сопствената држава, кој си игра со достоинството, го одзема напредокот и иднината на генерации Македонци. Затоа треба да кажеме ДОСТА Е! Нашата генерација има историска и неповторлива шанса да расчисти со овие остатоци од транзицијата и да ги прати во политичка пензија и на темната страна на историјата, пишува Мицкоски и додава:

„Продаваат гол популизам и замислете се фалат со парите собрани од граѓаните. По основ на акциза собрале повеќе пари, 23 милиони евра, но тоа се парите на граѓаните, кои што ги плаќаат по основ на акциза на горивата кои тие ги покачија, но во суштина тоа се прави за да може да вртат камионите на картелот на власт, за да може Зоран Заев да дава тендери и да никнат повеќе плантажи со марихуана. Не може тоа да се дозволи. Периодот што следува ќе ве заплашуваат, ќе се обидат да го сузбијат Македонецот во вас, за да предизвикаат колективна депресија, нереалното да го престават за реално, лагата за вистина, понижувањето како победа, распродавањето како купување. Но сето ова е потценување на интелегенцијата на народот. Образот е огледало на една личност и ние нема да отстапиме од нашата цел да ја зачуваме и развиеме Македонија, затоа што ова го правиме за нашите соседи, за нашите пријатели, роднини, и ова го правиме за нашите семејства. Со чест и образ, со искрена мисла Македонија да победи“.

 

 

 

29.05.2018 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега