Дизелот од мај лани поскап за 14 денари - полнете резервоари пред полноќ

Регулаторната Комисија за енергетика денеска стандардно две недели по псоледната промена на цените на нафтените деривати, ги објаи новите цени, со кои повторно се врши поскапување на бензинот и дизлот во Македонија.

Ако се спореди со истиот период лани, може да се заклучи дека бензините поскапеле тогаш за денар, а дизелот и маслото за домаќинство за денар и половина. Од полноќ цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 15.05.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 54,00 ден/лит.

Кон крајот на мај лани ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесувал 64 денари, а 66 денари се плаќало за литар ЕУРОСУПЕР БС-98. Тоа значи дека според пресметките, безнинот за една година поскапел за 9,5 денари.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.05.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 65,00 ден/лит.

Во 2017 на крајон на Мај, цената на дизелот била 50,50 денари, сега е 65 денари за литар, со што сега по една година возиме дизел поскап за 14,5 денари.

 

 

 

28.05.2018 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега