Имигрантот што спаси бебе во Париз доби француско државјанство

Мамуду Гасама, младиот илегален имигрант од Мали што викендов спаси дете коешто виси од зграда во Париз, денеска доби француско државјанство. Документите му беа врачени лично од францускиот претседател Емануел Макрон.

Xеројот кој веќе го доби епитетот „малискиот Спајдермен“, го забележал бебето како се прекачува преку оградата на тераса од четвртиот кат и почнува да виси надолу. Гасама веднаш тргнал да се искачува по зградата и помогна бебето да се повлече на сигурно. Драмата имаше среќен крај, и детето е спасено.

На пофалните зборови на Макрон за храброста на Африканецот, тој одговара дека не ни размислувал многу за тоа.

-Само се искачив и Бог ми помогна, истакнува тој.

 

 

 

28.05.2018 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега