Пимен: МПЦ нема да прифати ново име

Викендов во Охрид се одбележуваат 1000 години од постоењето на Охридската архиепископија. Владиката Пимен денеска изјави дека црквата нма да прифати ново евентуално име за Македонија, затоа што името се поврзува со македонскиот идентитет, пренесува Алсат М.

„Ние искрено се надеваме дека нема да отстапиме од нашето уставно име. Ако на крајот мнозинството надвладее за да одлучи да се промени, во името на црквата ние секако тоа не би го инкорпорирале во нашето име. Нашето име е Македонска православна црква бидејќи се врзува со нашиот идентитет, а не со мноштвото на народи кои ги имаме. Црквата треба да стои над политиката и нема да посегне по тој чекор да го промени своето име, затоа што имаме ние и еклисиолошко име Охридска Архиепископија, имаме национално име како Македонска православна црква“, изјави Владиката Пимен, Митрополит на Европската епархија на МПЦ.

 

 

 

28.05.2018 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега